Принцот Хари и Меган повеќе немаат кралски должности, ја известиле кралицата дека не се враќаат во кралското семејство

Кармин

19/02/2021

16:47

2.035

Големина на фонт

а а а

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган ѝ соопштиле на кралицата Елизабета Втора дека нема да се вратат во кралското семејство како „активни членови“, соопшти денеска Бакингемската палата.

Активни членови на кралското семејство се оние кои добиваат парична надомест кога го претставуваат истото, за разлика од оние кои не се сметаат за доволно важни за да бидат платени за тоа.

Сите нивни задолженија ќе ѝ бидат вратени на кралицата, а подоцна и распоредени по другите членови на семејството.

Хари и Меган, кои во неделата објавија дека очекуваат уште едно дете, го шокираа кралското семејство минатата година кога соопштија дека ќе престанат да ги извршуваат своите кралски должности.


„Жалиме за одлуката на војводата и војвотката, тие ќе останат сакани членови на семејството“, беше наведено тогаш во соопштението на Бакингемската палата, со објаснување дека нивните почесни воени чинови и почесни покровители ќе ѝ бидат вратени на кралица.

Портпарол на парот изјави дека тие остануваат посветени на службата.

„Како што можеше да се види во текот на минатата година, војводата и војвотката од Сасекс остануваат посветени на должностите и службата на Велика Британија и понудија понатамошна поддршка на организациите што ги претставуваат, без оглед на кралскиот статус“, рече портпаролот.

Пред неколку дена, во шоуто на Опра Винфри беше објавено дека Хари и Меган ќе ја „прекинат тишината“ на 7 март за нивното заминување од Бакингемската палата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk