Тажен крај на блескавата кариера на Бланка Влашиќ: „Четири години надеж дека повторно ќе се соочам сама со себе, но дојде крајот...“

Кармин

19/02/2021

11:02

7.436

Големина на фонт

а а а

Хрватската атлетичарка Бланка Влашиќ, објави дека ја завршува кариерата по долготрајната борба со повредата, пренесува „Hina“.

Оваа 37-годишна Сплиќанка во кариерата двапати беше шампионка на светот на отворено (Осака 2007 и Берлин 2009) и двапати во сала (Валенсија 2008 и Доха 2010), додека пак еднаш беше првак на Европа (Барселона 2010 година).

На Олимписките игри освои сребрен медал во 2008 година во Пекинг, како и бронзен медал во 2016 година во Рио де Жанеиро, каде што воедно ѝ беше последниот настап, по што следеше нејзината борба со повредите.


„Уште од Рио се трудам да закрепнам, полни четири години надеж дека уште еднаш ќе ќе си се предизвикам сама себе“, напишала Бланка во соопштението.

Таа навела дека многумина пред да го освои бронзениот медал во Рио ѝ зборувале да се откаже, дека веќе постигнала многу.

„Да ги слушав не би освоила уште еден олимписки медал, медал кој што посебно ми значи затоа што го освоив само со една здрава нога. Тој натпревар извлече сè од мене, па и тоа што не знаев дека го имам“, изјавила Влашиќ.

Наредната година, како што навела донела многубројни рехабилитациски третмани, надеж и разочарување.


„Иако на набљудувачите од страна им беше јасно дека е време да се посветам на новиот живот, одлуката мораше да биде моја. Пред да ја донесам, ги поминав сите фази на тага и за мене тоа беше најтежок период од кариерата. После сè, во еден обичен и мирен ден, срцето ми кажа: „Готово е“. Знаев дека е време и бев целосно мирна. Почувствував олеснување кое што никогаш не би го имала да одев 'преку ред' и да запрев тогаш кога сите мислеа дека треба да го направам тоа“, изјавила таа.

„Горда сум на својата кариера“, изјавила Власиќ и додала дека е благодарна на пријателите и навивачите кои што верувале во неа и скокале од радост заедно со неа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk