Парис Хилтон верена по 4-ти пат! Богаташката одлучила да направи интимна венчавка поради коронавирусот!

Кармин

26/01/2021

17:18

2.109

Големина на фонт

а а а

Богатата наследничка на Хилтон царството, Парис Хилтон се надева дека после три пропаднати веридби конечно ќе застане пред олтар со својот 'принц од бајките', но венчавката ќе биде од интимен карактер поради пандемијата.

Иако веридбата сè уште не е официјално објавена на нивните социјални мрежи, изгледа дека Парис Хилтон сака што поскоро да го каже судбоносното 'да'. Поради бурното емотивно минато и дури три пропаднати веридби, изгледа дека русокосата богаташка не сака четвртата веридба да ја направи толку јавна, за да не ѝ се повтори историјата.

Сепак, среќна е што својата 1-годишна врска со бизнисменот Картер Реум ќе ја поткрене на друго ниво.

„Нашата венчавка ќе биде поинтимна. Тоа е денот за кој сонувам цел живот и сега го пронајдов својот принц. Едноставно не можам да дочекам“, раскажала Парис за „OK“ магазинот и открила дека исто така сериозно размислуваат и за деца, но дека венчавката сега ѝ е најважна.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk