Се разведува ли омилениот холивудски пар? Медиумите веќе наведоа цел список со причини

Кармин

26/01/2021

16:45

3.887

Големина на фонт

а а а

Еден од омилените парови во Холивуд наводно става точка на својот брак.

Актерите Ештон Качер и Мила Кунис се познаваат повеќе од 20 години, а во брак се од 2015 година. Во текот на изминатите години добиле две деца - ќерката Вајат Изабел и синот Димитри Портвуд и секогаш изгледале како еден од поскладните парови во светот на познатите. Меѓутоа, американските медиуми тврдат дека на нивната среќа ѝ дојде крајот.


Како што пренесува „Woman's day“, постојат повеќе причини за тоа што Качер и Кунис сакаат да се разведат, а главната е таа што во текот на карантинот сфатиле дека не можат непрекинато да бидат заедно.

Покрај тоа, се зборува дека Ештон наводно не ѝ бил верен, токму како и во бракот со Деми Мур во кој ја изневерувал „на секој чекор“.

Овој портал исто така додава дека славниот пар го продава својот дом во Лос Анџелес и тоа по цена од 14 милиони, како и дека Мила во декември била забележана без бурмата на својата рака.


Американските медиуми сепак не мислат дека оваа „приказна“ е точна, поради тоа што веќе повеќе пати досега се шпекулираше дека Мила и Ештон се разведуваат, а тие само еднаш досега се огласија во врска со тоа за да кажат дека тоа не е вистина, а вообичаено ги игнорираат гласините.

Покрај тоа, „Gossip Cop“ пренесува дека тие двајца минатата година започнале да се занимаваат со производство на вино и дека пред неколку седмици заедно го промовирале тоа, поради што мала е веројатноста дека се разведуваат и започнуваат заеднички бизнис истовремено.

„People“ неодамна пишуваше дека парот заедно снимал реклама која што ќе биде прикажувана на претстојниот „Супербоул“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk