„Изгледам како жена, но размислувам како маж“: Најдобрите изјави на Доли Партон за животот, љубовта, убавината...

Кармин

26/01/2021

13:14

1.131

Големина на фонт

а а а

Иако има 75 години, Доли Партон сè уште освојува со својот глас, појава и начин на размислување.

Така, во изминатите години имавме прилика да го слушаме подкастот „Dolly Parton’s America“, да ја гледаме серијата на Нетфликс – „Dolly Parton’s Heartstrings“, да ја прочитаме книгата „Songteller“ и сè да заокружиме со божиќното остварување „Christmas on the Square“.

Иако некои нејзини изјави имаат политичка содржина, Доли ја надоместува сериозноста со секогаш интересни и мудри зборови на сметка на другите животни теми.

Во денешниот текст одлучивме да се присетиме на некои од нејзините највпечатливи изјави кои не се врзани за музиката туку за животот со сите негови подеми и падови.


За феминизмот

„Јас бев првата жена која си го запали градникот – на пожарникарите им беа потребни 4 дена за да го изгаснат огнот“.

За истрајноста

„Кога човек ќе дојде до одредена возраст, многумина помислуваат дека тука е крајот. Јас никогаш нема да застанам, ќе продолжам да снимам плочи па дури и по цена да треба да ги продавам од багажникот на мојот автомобил. Сум го правела тоа и спремна сум да го правам пак“.

За смислата на животот

„Не дозволувајте да бидете премногу зафатени со грижа за парите додека животот проаѓа покрај вас“.

За паметот

„Изгледам како жена, но размислувам како маж. Сум работела со мажи кои мислеле дека сум блесава како што изгледам. Кога најпосле сфатиле, сум ги добивала парите кои сум ги барала и сум заминувала“.


За храброста

„Никогаш нема да дадете сè од себе доколку не сте доволно храбри да се осудите на тоа“.

За убавината

„Потребна е голема сума на пари за волку евтин изглед“.

За слободата на избор

„Не се ограничувам себеси само поради тоа што другите не можат да се помират со фактот дека имам уште таленти“.

За чувствата

„Не го „скаменувам“ срцето бидејќи сакам да чувствувам. Кога боли, боли „до коска“. Кога плачам, липам. Кога лудувам, сосема полудувам. Јас сум личност како и секоја друга, сакам да го проживеам секое чувство и искуство на мојот пат“.


За неумесните шеги

„Не ме навредуваат глупави шеги на сметка на русокосите бидејќи знам дека не сум глупава... а исто така знам и дека не сум русокоса“.

За оптимизмот

„Јас работите ги гледам на овој начин – доколку сакаш да видиш виножито, мораш да го истрпиш и дождот“.

За вистинските вредности

„Секогаш ќе ги бројам благословите, а не банкнотите. Не работам за пари и никогаш не сум работела за нив“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk