Најубавите цитати на нобеловката Тони Морисон: „Не молете никого за ништо, особено не за љубов“

Кармин

25/01/2021

13:17

1.545

Големина на фонт

а а а

„Сите умираме. Тоа е можеби смислата на животот. Но имаме јазик. Тоа е можеби мерката на нашите животи“, изјавила во една прилика оваа писателка.

Американската писателка Тони Морисон, првата Афроамериканка која добила Нобелова награда за книжевност, почина на 6 август 2019 година на 88-годишна возраст. Таа има напишано 11 романи, од кои најпознати се „Најсините очи“ и „Сакана“. Нобеловата награда за книжевност ја доби во 1993 година.

Во продолжение, прочитајте дел од нејзините најдобри цитати:

1. Јазикот нè штити од застрашувачки работи без име. Јазикот е медитација.


2. Тоа што го сакате никогаш не можете да го изгубите.

3. Местото на кое можете да сакате кој и да изберете, каде не ви ви е потребна дозвола за страст, тоа место е слобода.

4. Не молете никого за ништо, особено не за љубов.

5. Секогаш го набљудував расизмот и расистичките навреди како нешто вредно за сожалување на тие луѓе. Никогаш не ме погодува тоа. Секогаш го сметав за дефект на таквите луѓе.

6. Не постои раса. Ниту една. Постои само човекова раса – научно, антрополошки. Расизмот е конструкт, социјален конструкт.

7. Расизмот ќе изчезне кога повеќе нема да биде профитабилен и психолошки употреблив. Но, во моментов луѓето заработуваат многу пари на него.

8. Секој рај, секоја утопија е обликувана од луѓе кои не се тука, луѓе на кои не им е дозволен влез.


9. Знам дека светот е со модринки и дека крвари и иако е важно да не се игнорира неговата болка, важно е да му се одолее на злото. Како и секој неуспех, хаосот содржи информации кои можат да водат кон спознавање – дури и кон мудрост. Како уметноста.

10. Непријателите не се мажи. Непријателот е концепт на патријархот, концепт на патријархот како начин на кој се управува со светот или начин на кој се делува.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk