Фановите загрижени за изгледот на славниот актер по раскинувањето: Пуштил брада, коса, ослабел...

Точка

22/01/2021

19:38

4.843

Големина на фонт

а а а

Неодамна светот го обиколи веста дека холивудските актери Бен Афлек и Ана де Армас раскинале по една година врска, а сега може да се види огромна разлика во изгледот на славниот актер пред и по љубовната врска со убавата Кубанка.

Имено, фановите велат дека актерот „пропаднал“ откако раскинал со кубанско-шпанската актерка, а може да се забележи дека и генерално е променет во последните година дена.

Додека Афлек беше во среќна врска со „Бондовата девојка“, обожавателите зборуваа дека тој изгледа одлично. Афлек постојано беше насмеан и изгледаше помладо – косата и брадата му беа уредно потстрижени и потемни, но тоа сега не е случај.


Само неколку дена по раскинувањето, папарацо фотографите го „фатиле“ Бен во нерасположено издание, со подолга брада и коса, а изгледал и многу послабо од претходно.

„Што му се случува на човеков?“, „Неговите образи се пропаднати“, „Оставете го, поминува низ тежок период“, се дел од коментарите на фановите кога ги виделе новите фотографии од Афлек.




Спонзорирани линкови

Маркетинг