Кристина Димитриевска со оваа фотографија го 'запали' Инстаграм - и манекенката се приклучи на светскиот тренд

Точка

22/01/2021

18:04

7.539

Големина на фонт

а а а

Изминативе две години вистински хит кој го практикуваат многу познати личности ширум светот е позирање разголен на снег во некој скијачки центар.

На овој тренд се приклучи и манекенката Кристина Димитриевска, поранешната сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски.

Имено, изминативе денови една од главните теми во Инстаграм светот е провокативната фотографија која ја направи Димитриевска, фотографирајќи се по долна облека покрај снег на Попова Шапка.

Манекенката го покажа извајаното тело, а со оваа провокативна фотографија ја поткрена температурата кај многу нејзини Инстаграм следбеници.

„Облечи се, ќе настинеш“, „Ќе го стопиш снегот“, се дел од коментарите под фотографијата која собра повеќе од 2.500 лајкувања.




Спонзорирани линкови

Маркетинг