Во близина на Москва со своите семејства живеат 150 врвни научници: Погледнете како се прави и чува руската вакцина против коронавирусот

Точка

22/01/2021

21:54

5.189

Големина на фонт

а а а

Би било тоа сосема обична населба во близина на рускиот главен град, доколку тука не живееа 150 врвни научници со своите семејства. Тие не треба да патуваат за да стигнат на работа, затоа што во нивниот „двор“ се наоѓа центарот за истражување и развој на лекови на една од водечките руски фармацевтски компании.

Десетина километри подалеку е сместена и фабриката во која до избивањето на пандемијата се произведуваа само лекови. Од минатата година, тука се произведува руската вакцина против коронавирусот „Спутник Пет“.

„Процесот на прилагодување на новите производи обично трае две години, но ние сето тоа успеавме да го завршиме за три месеци. Ги вклучивме нашите најдобри специјалисти - 90 луѓе работеа на адаптација на техниката и доработување на технологиите за моменталните потреби“, изјави Данил Талјански, директор на фармацевтската компанија „Генериум“, пренесува српски „РТС“.


Било потребно фабриката да се подели во шест санитарни зони. Направени се постројки за прочистување на воздухот за да се обезбедат високи стандарди за производство. Се прочистува и водата за препаратите, а потоа се чува на 90 степени. Готовата вакцина се чува на минусни температури.

18 степени под нулата и пониско е температурата на која во комора се чува руската вакцина. Од погонот на фабриката од крајот на октромври до денеска излегоа повеќе од шест милиони дози, а обемот на производство секојдневно расте.

Сепак, тоа не е доволно за потребите на Русија и на земјите кои би ја увезувале вакцината. Поради тоа, се размислува и за пренос на технологијата во други држави.




Спонзорирани линкови

Маркетинг