Последната порака на починатата југословенска актерка ќе ве погоди право во срце: „Не се плашам. Таму наскоро одам...“

Точка

22/01/2021

09:33

8.697

Големина на фонт

а а а

Светот го обиколи веста за смртта на југословенската актерка Мира Фурлан. Таа почина на 65 години и тоа во САД.

На нејзиниот Твитер профил стои напишано:

„Ги гледам ѕвездите. Ноќта е ведра и Млечниот пат изгледа толку блиску. Таму одам наскоро. Сите ние сме материја од ѕвездите, одеднаш се сеќавам на зборовите на Делин од сценариото на Џо. Не е тоа толку лошо. Не се плашам. Во меѓувреме, дозволете ми да ги затворам очите и да ја почувствувам убавината околу мене. И да вдишам, под темното небо полно со ѕвезди. Вдишувам. Издишувам. Тоа е сè“, напишано е во нејзината објава.

Мира Фурлан (1955-2021), е позната југословенска актерка која што во последните децении живееше во САД.

Таа глумеше во многубројни филмови и серии. Во САД беше позната по улогата на амбасадор Делин во научнофантастичната телевизиска серија „Babylon“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг