Инсиње не можеше да ги скрие солзите по поразот од Јувентус, Гатузо му испрати порака

Дерби

21/01/2021

14:50

2.000

Големина на фонт

а а а

Екипата на Наполи ја загуби битката со Јувентус (2-0) и со тоа остана без трофејот во Супер Купот на Италија.

Трагичар на мечот беше Лоренцо Инсиње кој при резултат 1-0 промашни пенал за наполитанците за што потоа стигна казната во последните секунди преку Мората за конечни 2-0 и потврда на трофејот во ова натпреварувања.

На Инсиње му беше многу тешко, не можеше да ги сокрие емоции, солзите, па тренерот Џенаро Гатузо се обиде да го утеши и му порача дека не е виновен за поразот.

- Лоренцо не треба да се чувствува одговорен. Може да се промашат пенали, јас сум првиот кој е одговорен за поразот. Не е негова вина ако го загубивме натпреварот. Ме боли кога го гледам како плаче, тој можеше да го постигне 100. погодок и да го испрати мечот во продолженија, ама овие работи се случуваат во фудбалот. Марадона и Пеле понекогаш промашуваа некои пенали, - истакна Рино.



Спонзорирани линкови

Маркетинг