Вардар ја пронајде замената за Чупиќ, српски репрезентативец стигнува во „Јане Сандански“

Дерби

21/01/2021

14:20

1.103

Големина на фонт

а а а

Пред самиот старт на ракометното Светско првенство дојде информација дека Иван Чупиќ ќе стави крај на авантурата во „црвено-црниот“ табор и ќе се врати во редовите на Загреб.

Искусното хрватско крило тешко дека некој ќе може да го замени, но од Вардар беа принудени да бараат нов играч на десната крилна позиција за да ја пополнат празнината со заминувањето на Чупиќ.

Изборот паднал врз српскиот репрезентативец и некогашен член на Металург, Дарко Ѓукиќ кој ветуваше многу, но во последно време неговата кариера бележи стагнација.

Последен клуб за Ѓукиќ е Спортинг Лисабон, а претходно во кариерата ги носеше и дресовите на Железничар Ниш, Металург, Келце, Бешикташ и Мешков Брест.



Спонзорирани линкови

Маркетинг