Одобрени од Ким Катрал: Можат ли овие актерки достојно да ја заменат во улогата на Саманта?

Точка

21/01/2021

14:33

5.406

Големина на фонт

а а а

Обожавателите на серијата „Сексот и градот“ ги воодушеви веста дека во 2021 година ќе добие продолжение во кое повторно ќе имаме прилика да ги видиме Кери Бредшо, Шарлот Јорк и Миранда Хобс.

Но, судбината на Саманта Џоунс сè уште не е позната. Познато е дека нема да се појави, но не се знае дали ќе ја замени некоја друга актерка или сценаристите едноставно ќе го елиминираат ликот на Саманта. 

Ако повторно се одлучат за нова актерка, Ким Катрал веќе го дала својот предлог за замена. Кога во 2018 година за првпат се спомна таа можност, Ким издвоила две актерски имиња.

„Божиците Тифани Хедиш или Софија Вергара. Има многу фантастични актерки кои би можеле да ја направат Саманта своја“, напишала Катрал на Твитер.


Минатата година се појавија гласини дека во улогата на Саманта Џоунс би можела да се најде Шерон Стоун, а таквата опција ѝ се допаднала на Синтија Никсон:

„Мислам дека Шерон би била одлична. Ким беше неверојатна како Саманта, а Шерон би внела и нешто свое во ликот“.


„Не сум слушнала ништо за тоа, но би ми било чест да работам со Синтија“, ги коментирала Стоун гласините.

Помеѓу актерките кои сега се споменуваат како потенцијална замена за Ким се најде и Џенифер Кулиџ која своевремено имаше камео во една од епизодите на серијата. Иако многумина мислат дека би била одлична како новата Саманта, за неа Ким едноставно е незаменлива.


„Бев и сè уште сум голем фан на серијата. Тоа е една од оние серии чии репризи постојано можеш да ги гледаш и никогаш да не ти здодеат. Морам да кажам дека сум голем фан на Ким Катрал, мислам дека никој не може да ја замени во таа улога. Таа едноставно беше совршена“, вели Џенифер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг