Детето го добило името по својот чичко, кој починал во 2015-та година.
Претседателот на САД, Џо Бајден, танцувал со својот најмлад внук, држејќи го во раце додека во Белата куќа гледале концерт по инаугурацијата. Снимката допрела до срцата на луѓето ширум светот на крајот на еден емотивен ден.
78-годишниот Бајден го држел 8-месечниот внук Бо Бајден, додека семејството го гледало шоуто, пренесува "Daily Mail".
Во средата навечер, по инаугурацијата, новиот претседател танцувал со внукот во рацете, а целото семејство уживало во концертот.
Детето е син на Хантер Бајден, и неговата сопруга од Јужна Африка Мелиса Коен. Тие се венчале во мај 2019-та година, две недели по запознавањето.
Малиот Бо го добил името по неговиот чичко Бо Бајден, кој во 2015-година починал од тумор на мозокот на 46 години.
Бо во текот на инаугурацијата на својот дедо бил на сцената со родителите и присуствувал на историскиот момент.