Момент за историја: Со соиграчите го елиминираше Реал Мадрид, па си направи селфи со Бензема

Дерби

21/01/2021

10:48

1.714

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Алкојано приредија вистинска сензација во Купот на кралот елиминирајќи го големиот фаворит Реал Мадрид.

Третолигашот и со играч помалку му даде гол на „кралскиот клуб“ во второто продолжение откако во регуларниот дел натпреварот заврши без победник, 1:1.

По последниот судиски свиреж следеше навистина луда прослава на фудбалерите на Алкојано кои постигнаа историски успех елиминирајќи еден од фаворитите за трофејот во ова натпреварување.

Интересен момент се случи при прославата на играчите и заминувањето на фудбалерите на Реал Мадрид од теренот. Еден од резервните играчи на Алкојано истрча до Карим Бензема и побара да се фотографира со голгетерот на „кралевите“.

Веднаш штом си ја заврши задачата и си обезбеди „селфи“ со Бензема, фудбалерот се врати на славење со своите соиграчи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг