Групата Вагнер се бори за руските интереси!

Точка

21/01/2021

10:16

2.860

Големина на фонт

а а а

Приватната воена компанија Вагнер учествувала во воените конфликти во Сирија и Либија. Оттогаш истата преку своите платеници била вклучена во десетина конфликти низ целиот свет.

Латвискиот електронски весник “Медуза” интервјуирајќи поранешен припадник на Вагнер, открива неверојатни детали за оваа платена војска и начините на кои истата функционира.

Според него, во годините кои ги поминал во Вагнер преживеал и сериозна повреда после која решил да напише книга за која тој тврди дека во целост е вистинита и неизмислена.

Од она што тој го раскажува во своето интервју, претходно бил дел од руските воздушни сили а по неговото аплицирање во Вагнер, потпишал договор со руската компанија Евро Полис, компанија која се поврзува со олигархот и милијардер Евгениј Пригожин и која има склучено договор со сириската влада за ослободување и заштита на нафтените полиња во Сирија. Тој истакнува дека им било кажано дека ќе војуваат на места каде државата има свои интереси и дека можно е да загинат на боиштата. Во последните години, Вагнер групацијата започнала со ангажирање на лица кои претходно немале никакво воено искуство а оние кои ги воделе трупите најчесто биле некомпетентни бидејќи се однесувале како бизнисмени наместо како воени команданти и средствата кои биле наменети за трупите тие ги користеле за свое лично богатење.

Во 2019 година, поранешниот Вагнер платеник работел во “Хмеимим” база, база во крајбрежниот дел на Сирија каде бил одговорен за телата на убиените платени војници кои не биле достоинствено погребани со воени почести какви што заслужуваат. Критикувајќи ги руските воени офицери во главната руска база “Хмеимим”, нагласува дека суштинските задачи во Сирија биле постигнати од оваа групација. Исто така, обвинува и дел од руските команданти за преувеличување и споделување невистини кон нивните надредени со единствена цел да ги прикријат неуспесите. Платените Вагнер војници сèуште активно се вклучени во воените зони во Сирија, особено во пустинските области каде војуваат против терористичката група на ДАЕШ/ИСИС.



Спонзорирани линкови

Маркетинг