Носите високи потпетици и нозете ве 'убиваат'? Едноставна вежба ќе ви го реши поблемот

Кармин

20/01/2021

16:14

1.371

Големина на фонт

а а а

Долготрајното носење високи потпетици може да остави последици на стапалата и долниот дел од ногата, особено на глуждовите и коските.

Таа честа и непријатна болка може значително да се намали со едноставна вежба, а високите потпетици можете да ги носите и понатаму.


Освен честото носење на потпетици, анатомијата на долниот дел од нозете може да биде нарушена и од лоши чевли и лошо држење на телото. Физикалните терапевти користат вежба за одење на пети како дијагностичка алатка за нарушување на одењето и како рехабилитациска вежба за повреди на потколеницата и нерамнотежа на мускулите.

Всушност станува збор за многу едноставна и на сите позната вежба која се изведува така што стоите исправено, ги поткренувате прстите од подот и одите на пети без да ги спуштите прстите. Вежбата може да ја изведувате и така што ќе стоите на пети со цела должина на стапалото ќе се спуштате на прсти.


Жените кои често носат високи потпетици го усвојуваат прсти-пета начинот на одење, што ги ослабнува мускулите на долниот дел од ногата. Таквиот начин на одење може да влијае и на дисбаланс на карлицата и да предизвика проблеми со грбот. Поумерено носење на високи потпетици и исправување на дисбалансот во долниот дел од ногата изведувајќи ја вежбата со одење на пети може да го реши проблемот. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk