Defender, G350 и Wrangler: Кој ќе победи во трката на трите моќни теренци?

Точка

18/01/2021

16:26

3.414

Големина на фонт

а а а

Екипата на Carwow подготви возбудлива битка помеѓу едни од најмоќните теренци на светот во својата класа - Land Rover Defender, Mercedes G350 и Jeep Wrangler.

Land Rover Defender со години беше синоним за нешто најдобро ако планирате да возите „офроуд“, а овој модел поседува 2.0-литарски дизел мотор со четири цилиндри и 237 коњски сили.

Во ова издание на трката на забрзување, уште еден моќен џип му е ривал, а тоа е G350d на Mercedes кој поседува шестцилиндарски мотор кој испорачува 282 коњски сили.

Третиот натпреварувач е Jeep Wrangler кој поседува 2.0-литарски четирицилиндарски дизел мотор кој испорачува 268 коњски сили.




Спонзорирани линкови

Маркетинг