Јужнокорејската компанија преку тизер го откри изгледот на својот нов автомобил.
Станува збор за моделот Ioniq 5 кој Hyundai го претстави со неколку фотографии и кратко видео. Овој нов SUV е базиран на новата E-GMP платформа, па со самото тоа изгледа поатрактивно и „поостро“ во однос на актуелниот хечбек.
Двата модели нема да имаат многу заеднички работи – новиот Ioniq 5 ги добива новите светла наречени Parametric Pixels. Батериите се сместени на самиот под, а E-GMP платформата овозможува погон на сите четири тркала благодарение на моќниот електромотор поставен на задната осовина.
Петминутно полнење на батериите ќе биде доволно новиот Ioniq 5 да премине 100 километри, а целосно наполнетите батерии ќе овозможат домет од 550 километри.