Крем чорба од целер која ќе ви ја закрепне душата: Евтина и готова за само половина час

Кармин

15/01/2021

17:34

2.661

Големина на фонт

а а а

Денеска ви претставуваме рецепт за едноставна чорба за која ви се потребни само 4-5 состојки, во зависност од тоа дали ќе користите некој зачин или не.

Потребни состојки:

- 1 целер со големина на тупаница

- 1 компир со приближно иста големина

- лажичка путер или масло

- околу 1/2 литар вода

- сол и бибер

- зачини по желба


Начин на припрема:

1. Исчистете ги целерот и компирот и исечкајте ги на ситни коцки.

2. Ставете едно тенџере на оган, додајте го путерот да се стопи и кратко пропржете го зеленчукот.

3. Додајте ја водата, солта и биберот (и зачини по желба) и оставете да се вари.

4. Варете со поклопец се додека зеленчукот не се свари, околу 30 минути.

5. Тргнете го тенџерето од шпорет и иситнете го сварениот зеленчук со рачен миксер или во блендер.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk