Таа е „несекојдневна жена“ – може да подигне тежина од 160 килограми, а вели дека тешко може да најде облека за себе

Кармин

15/01/2021

14:16

2.294

Големина на фонт

а а а

Бодибилдерката Британи Флекс е од Оклахома, Америка и дефинитивно не изгледа како поголемиот дел од жените ширум светот.

На своите Инстаграм следбеници таа постојано им го покажува начинот на живот, но и тренинзите кои ги прави за да постигне што подобри резултати на натпреварувањата во бодибилдинг.

Таа истакнува дека е многу тешко да пронајде облека затоа што според такви мерки како нејзините за жените не се прави облека, па често ѝ изработуваат облека според нејзините пропорции.

„Не сум градена како „типична жена““, изјавила Британи (31), па додала:

„Доколку облеката ми одговара на нозете, не ми одговара на половината“.

Таа може да подигне тежина од 160 килограми, а како што истакнува околу 25 отсто од мажите во теретана не можат да подигнат ниту приближно колку неа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk