Со Фотошоп и без: Фотографии од славни дами кои покажуваат дека никој не е совршен

Кармин

15/01/2021

11:02

8.124

Големина на фонт

а а а

На почетокот на новата година многумина сонуваат за фит тело без грам масни наслаги и целулит, какво што често може да се види на социјалните мрежи на познатите инфлуенсерки, и носат одлуки кои ќе им помогнат во остварување на целта.

И додека воведувањето на здрава храна на менито како и редовното вежбање е одлична одлука за подобрување на здравјето на било која личност, споредувањето со славните дами и не е најдобра идеја. 

Не само што таквото однесување не е препорачливо бидејќи доведува до негативни емоции како чувство на помала вредност, тврдат психолозите, туку е сосема непотребен чин. Никој не е совршен, па дури ни познатите кои позираат на насловните страници на модните списанија или на Инстаграм.

Добро е познато дека зад совршено „измазнетите“ фигури стои Фотошоп, Фејстјун и слични програми и апликации со кои можете драматично да го промените изгледот. Нив ги користат дури и оние дами кои јавно заговараат природна убавина.

На изгледот на телото и кожата можат да влијаат бројни фактори - од осцилации во тежината преку здравствени тегоби до стрес на кој сите сме изложени, особено во последно време.

Пример, иако секојдневно вежба и здраво се храни, и Џенифер Лопез има целулит, а доказ за тоа се фотографиите од неодамнешниот одмор на пејачката на Карибите.


Како изгледаат славните дами на обработените фотографии и во реалниот живот, погледнете од фотографиите во продолжение:

Ешли Греам

Ева Лонгорија

Скарлет Јохансон

Марија Менунос


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk