Точка ТВ: Светски познати ѕвезди кои не завршиле ниту средно образование, а денес „пливаат“ во богатство

Кармин

13/01/2021

20:47

2.477

Големина на фонт

а а а

Тие ги напуштиле своите училишта, а неретко и семејните домови за да ги остварат своите соништа и да станат успешни актери, пејачи, модели, режисери...

Многубројни ѕвезди, како што се Џони Деп, Квентин Тарантино, Кијану Ривс - не завршиле средно образование.

Жизел Бундшен, бразилската манекенка го напуштила средното училиште кога имала 14 години за да ја продолжи кариерата како модел, а без оглед на тоа таа течно зборува пет јазици.

Никол Кидман, го напуштила училиштето за да се пoсвети на актерската кариера. Почнала да работи во театар, а на 16 години снимала филмови.

Џенифер Лоренс, го напуштила средното училиште кога имала само 14 години. Потоа продолжила со актерската кариера, а сега како што вели таа е „самообразувана“.

Хери Стајлс, го напуштил средното училиште на 16 години за аудиција на X-factor, а потоа стана дел од машкиот популарен бенд „One Direction“.

Ријана, го напуштила училиштето кога имала само 16 години, па се преселила во САД кога имала 17 години каде што потпишала музички договор со дискографската куќа „Деф џем“.


Џони Деп кога имал 15 години го напуштил училиштето. Сон му било да стане популарен рок музичар, но успеал во кариерата на актер.

Џеј Зи го напуштил училиштето за да работи и да се занимава со рап музиката во која е многу успешен.

Кијану Ривс често имал конфликти со наставниците и директорите во училиште, па поради тоа на 17 години решил да го напушти училиштето и да се посвети на актерството.

Том Круз го напуштил училиштето за да стане актер во Њујорк. Пред тоа, додека бил дете сонувал да стане свештеник.

Квентин Тарантино сакал да ја продолжи филмската кариера и поради тоа се откажал од средното училиште кога имал 15 години. Според некои информации неговиот коефициент на интелигенција е 160.


Даниел Радклиф одлучил „да се одмори од училиштето“ кога имал 17 години за да се посвети на актерството.

Ѕвезди кои што не завршиле средно образование се: Џон Траволта, Џим Кери, Аврил Лавињ, Дру Баримор, Кејти Пери и многу други...


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk