Алиоски: Сакам да останам во Лидс, ама…

Дерби

03/12/2020

13:59

1.490

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски е во последната година од договорот со премиерлигашот Лидс Јунајтед, а тоа значи дека е отворено прашањето за неговата иднина на „Иланд Роуд“.

Дел од медиумите излегоа со информации дека Алиоски ќе добие понуда за продолжување на соработката, меѓутоа засега нема ништо поконтретно на оваа тема и тоа го потврди левиот бек.

- Тука сум се разбира сè додека мојот договор не заврши следната година. Не размислувам за тоа дека ќе го напуштам Лидс. Само Лидс е во мојата глава, јас сум фокусиран. На крајот ќе видиме што ќе се случи.

- Секако дека би сакал да останам, но ова се работи кои други луѓе треба да ги средат. Сакам да уживам во моментот, сакам да бидам фокусирам на фудбалот. Останатите работи секако ги гледам низ медиумите, ама се уште нема ништо. Овде сум сериозен секој ден, уживам секој ден во Лидс, - истакна Алиоски.

Популарниот Џани од 2017 година е дел од Лидс каде пристигна од Лугано, во овој период настапи на вкупно 142 натпревари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг