Сакал насилно да ја преобрати својата девојка во Ислам: Во Индија уапсено лице кое за првпат ќе одговара пред новиот закон

Точка

03/12/2020

13:47

992

Големина на фонт

а а а

Полицијата во индиската држава Утар Прадеш уапси маж од муслиманска вероисповед кој наводно сакал својата Хинду девојка да ја преобрати во Ислам, пренесува британски „БиБиСи“.

Тој е првиот човек кој е уапсен и ќе одговара пред новиот закон кој забранува на поединци да убедуваат друго лице да премине во одредена религија.

Овој закон голем број на критичари од муслиманска вероисповед го нарекуваат „исламофобичен“, а покрај Утар Прадеш, уште четири сојузни држави го подготвија нацрт законот.

Полицијата на Утар Прадеш на социјалната мрежа „Твитер“ го потврди апсењето.


Таткото на девојката претходно поднел пријава против уапсениот тврдејќи дека „вршел притисок на неговата ќерка да премине во Ислам и ѝ се заканувал дека ќе ја повреди ако не го стори тоа“. Таа наводно била во врска со него, но веќе се омажила за друг во текот на оваа година.

Уапсениот ќе помине 14 дена во притвор до судење, а за медиумите накратко порачал дека „воопшто немал допирни точки со таа девојка“. Доколку биде прогласен за виновен, би можел да добие затворска казна до 10 години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг