Барселона во Будимпешта испиша нова страница од историјата на ЛШ

Дерби

03/12/2020

12:26

1.035

Големина на фонт

а а а

Барселона го оправда статусот на фаворит и славеше во Будимпешта над Ференцварош со 3-0 и со тоа го задржа максималниот учинок во групата Г во Лигата на шампионите.

Со ова каталонците се ставија во добра позиција пред завршното коло и дербито со Јувентус кое ќе одлучи кој ќе го освои првото место во оваа група. Дуелот на Барселона во Унгарија донесе и еден историски податок, достигнување со кое избраниците на Роналд Куман испишаа нова страница во елитното натпреварувања.

Барса и на овој меч доби пенал кој го реализираше Дембеле, а ова значеше дека шпанскиот прволигаш е прв клуб кој на пет средби во ЛШ добил удар од 11 метри. Меси изнуди пенали против Ференцварош и Динамо Киев на „Камп Ноу“, Фати беше фаулиран во Торино, додека Брајтвајт беше срушен во казнениот простор во Будимпешта и Украина.

Ова е јасен показател за напаѓачката и офанзивна игра на Барса која забележа три победи на гостински терен и тоа многу сигурни и убедливо што е дрестична промена за екипата која низ изминативе години доста се мачеше надвор од средбите од Каталонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг