Екипата на Јувентус го победи Динамо Киев со 3-0 и со тоа остана во игра за првата позиција во групата Г во Лигата на шампионите.
Меѓутоа за да „бјанконерите“ дојдат до врвот ќе треба во завршното коло да ја победат Барселона со тоа што тој резултат треба да биде повисок од оној што каталонците го остварија во Торино (2-0).
- Нема да биде лесно да се постигнат трите гола против Барселона за да го заземеме првото место, но ние ќе го дадеме најдоброто од себе. Знаеме дека има процес и патување што треба да ги поминеме. Целта беше да се квалификуваме во осминафиналето и да бидеме во трка со Барселона за првото место до крајот, така што тоа го постигнавме. Сега ќе се обидеме да ја завршиме работата, - истакна Леонардо Бонучи кој смета дека „бјанконерите“ се на вистинскиот пат и покрај неубедливите партии во оваа сезона.
- Мислам дека сме на вистинскиот пат со оглед на тоа што немавме вистински одмор или предсезонска тренинг рутина која ви е потребна кога има многу промени на клупата и во тимот. Со должна почит, ама не требаше да губиме бодови против Беневенто и Кротоне, но знаеме дека е патување и треба да поминеме низ различни чекори.
-Од сите гледам желба да се подобрат и напредуват. Ако ги погледнеме сите големи клубови низ Европа во моментов, сите тие се мачат на некој начин, - дополни стоперот.