Погоди за важна победа: Тевез во стилот на Меси му оддаде почит на Марадона

Дерби

03/12/2020

12:24

747

Големина на фонт

а а а

Ветеранот Карлос Алберто Тевез беше човек на одлука на дуелот кој рано утрово го одиграа Интернасионал и Бока Јуниорс во осминафиналето на Копа Либертадорес.

Гостите од Аргентина славеа со 1-0 и со тоа направија голем исчекор кон пласман во следната рунда. Тевез им пресуди на домаќините со погодокот во 63 минута, погодок по кој му оддаде почит на Диего Армандо Марадона.

Имено славјето беше слично како она на Лионел Меси против Осасуна со тоа што овојпат Тевез под својот стандарден дрес имаше друг од Марадона од времето кога популарниот Ел Пибе настапуваше за Бока Јуниорс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг