Мектоминеј згрозен од однесувањето на Нејмар

Макфакс

03/12/2020

12:16

2.151

Големина на фонт

а а а

Натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и ПСЖ, покрај победата на францускиот тим (1:3), го обележа и судирот помеѓу Нејмар и Скот Мектоминеј.

Во еден момент, во првиот дел од натпреварот, Шкотланѓанецот во дуел згазна на глуждот на бразилскиот фудбалер. Од почетокот на минатата сезона, Нејмар, два пати имаше проблеми со глуждот на десната нога, поради што пропушти голем број на натпревари.

По завршувањето на првото полувреме Нејмар сакаше да се пресмета со Мектоминеј, а откако ги раздвоија нивните соиграчи, Бразилецот се жалеше кај судијата Даниеле Орсато.

„Немам зборови со кои би го опишал однесувањето на нивните фудбалери“, рекол по натпреварот Мектоминеј.

„Не сакам да зборувам за нив. Можам само да си направам проблем доколку проговорам. Исто така не сакам да зборувам за судијата“, дополнил фудбалерот на Манчестер јунајтед, а потоа го критикувал ВАР-системот.

„Разбрав дека од мал офсајд сме примиле гол. Сведоци сме на такви грешки секоја недела. Мораме тоа да го поправиме и да го вратиме фудбалот на вистинските патеки“.

Манчестер јунајтед, во последното коло ќе гостуваат во Лајпциг, додека ПСЖ ќе играат против Башакшехир. По пет натпревари Јунајтед, ПСЖ и Лајпциг имаат по девет поени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг