Д-р Пановски со нови прогнози кога ќе стекнеме колективен имунитет и ќе живееме нормално

Точка

03/12/2020

11:34

4.343

Големина на фонт

а а а

Проф. д-р Никола Пановски во гостувањето на Студио 10 на „ТВ24“, изјави дека смета дека до средината на следната година, најверојатно народот ќе стекне природен имунитет на Ковид-19, а вакцините може да помогнат.

„33.000 дози од вакцината против Ковид не се многу, ама ќе помогнат во февруари, таму каде се најпотребни. Здравствените работници ќе мора да издржат до февруари. Најверојатно вакцинирањето од грип е беспотребно годинава. Спречено е ширењето на заразата, нема одење по слави, по спортски натпревари, концерти. Сите се крстиме во тој клеточен имунитет, но не сите 60.000 имаат имунитет, речиси половина од нив не биле болни. Не значи дека ако некој бил позитивен дека не треба да се вакцинира. За антителата не е сигурно. По мене, сите што се ризични групи треба да се вакцинираат, а оние кои имаат антитела, нема потреба да брзаат. Се надевам дека до јуни сите ќе имаме стекнат природен имунитет, а во септември мислам дека 80% ќе живееме нормално“, вели микробиологот проф. д-р Никола Пановски.

„Сега не сум слушнал за големи журки, нешто што се случуваше претходно. Ова ширење на бројките е неминовното. Најмногу зарази се од јавен или приватен превоз и работни организации. Маските не штитат 100%, ако неколку луѓе се во автомобил и имаат маски, а еден е позитивен, неминовно е некој да се зарази од оние кои се негативни. Сега и колективниот имунитет има влијание, за две недели се надевам дека ќе почне да паѓа бројот на активни случаи, ќе падне и бројот на хоспитализации. Ако новогодишните празници поминат без зарази, тогаш колективниот имунитет ќе се стекне и порано. Мислам дека лидерите на сите партии треба да дадат соопштение дома да се биде за Нова Година, да не се собираат во заторен простор, ако е така ќе се спасат животи, вели Пановски.

Тој се надева дека до јуни сите ќе имаме стекнат природен имунитет, а во септември дека 80 отсто ќе живееме нормално.

„Нема многу искуство за вакцините што ќе се случи ако човек што бил позитивен ја прими вакцината. Догодина најголем проблем ќе се случи со децата што ќе тргнат во градинка и училиште, вирусите ќе мора да се наплатат, сега имунитетот на тие деца што не одат во образовните институции им е заспан. Сега е вонредна ситуација, догодина ќе имаме други болести. Децата се поотпорни на Ковид од други инфекции, првенствено грип“, вели Пановски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг