Маж во брак со две жени: „Ќе се потрудам двете да останат бремени во исто време“

Кармин

03/12/2020

10:33

2.545

Големина на фонт

а а а

Полиаморен маж окрил дека сака двете жени да му останат бремени во исто време, за да можат да го споделат тоа искуство.

Џими Силва (36) и Чача Сагун (32) од Калифорнија заедно се повеќе од една деценија, а почнале да се забавуваат и со Самер (26) откако двајцата 'паднале' на неа на еден деловен состанок во 2012-та година.

Тројката почнала да се забавува, но со години ја држеле врската отворена и експериментирале, сè додека минатата година Џими не ги запросил двете девојки, користејќи два дијамантски прстени изработени од еден камен поделен на два дела.

Во меѓувреме почнале да разговараат и за проширување на семејството, а Џими открил дека сака двете сопруги да му забременат во исто време, пренесува „Daily Mail“.

Џими клекнал пред девојките на 10-годишнината од врската со Чача, во 2019-та година.

Иако не ја официјализирале својата врска, тие на крајот на годината одржале свадбена церемонија и се сметаат за сопружници.

Тие се во посветена врска, но сите признаваат дека ги привлекуваат други жени и не ја исклучуваат можноста за ширење на нивниот љубовен триаголник, а се надеваат и дека наскоро ќе имаат деца.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk