Ѕвездата од хит филмот му кажа „да“ на својот партнер: „Кога сфатив дека ќе ме запроси почнав да врескам. Ова што го имаме е навистина посебно“

Точка

03/12/2020

10:45

10.388

Големина на фонт

а а а

Џонатан Бенет се верил со Џејмс Вон за кој што знаел дека е човекот на неговиот живот уште првиот пат кога го видел.

Актерот Џонатан Бенет кој што се прослави со улогата на Арон Самуел во филмот „Mean Girls“ од 2004-та година, ја потврдил својата веридба со својот сакан партнер и телевизиски водител Џејмс Вон.

„Кажав да!“, напишал Џонатан покрај неколкуте фотографии кои што ги објавил на социјалната мрежа, а на кои што Џејмс го запросува, па признал дека плачел како мало дете кога партнерот клекнал пред него и му го поставил важното прашање.

Џејм одлучил да се потруди тој момент да им остане во сеќавање засекогаш, па поради тоа имале специјално изработени прстени, а исто така извел и серенада која што ја напишал сам за тој настан.

„Кога сфатив дека Џејмс ќе ме запроси бев многу возбуден. Почнав хистерично да врескам затоа што едноставно не знаев како да се изразам“, признал Џонатан.

Тој додал дека одвај ја чека венчавката и дека уште од првиот момент кога го видел Џејмс знаел дека треба да бидат заедно:

„Ова што го имаме е навистина посебно. Тоа е работата за која што луѓето снимаат филмови и пишуваат песни. Мислам дек и двајцата знаеме од истиот момент дека сме создадени еден за друг. Чувствувам дека не постои ништо на светот што не можеме да го направиме заедно“, изјавил Џонатан во интервју за магазинот „People“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг