Нејмар испорача „бомба“ за Меси од подтрибинскиот простор на „Олд Трафорд“: Следната година…

Дерби

03/12/2020

10:27

1.530

Големина на фонт

а а а

Нејмар одигра круцијална улога во исклучително важната победа која ја оствари ПСЖ на гостувањето на „Олд Трафорд“, бидејќи Бразилецот постигна два од трите гола на францускиот првак кој славеше со 1:3 на дерби натпреварот против Манчестер Јунајтед.

ПСЖ со овој триумф се доведе во ситуација да зависи од сам себе и во последното коло со триумф над Башакшехир ќе обезбеди пласман во осминафиналето во најелитното натпреварување, но по крајот на мечот, Нејмар се погрижи сите да зборуваат за неговата изјава, а не за двата постигнати гола во мрежата на Де Хеа и триумфот на „светците“.

Бразилецот испорача вистинска фудбалска „бомба“ од подтрибинскиот простор на „Олд Трафорд“, бидејќи од микс-зоната најави дека следната година сигурно ќе игра со Лионел Меси во ист тим.

– Она што најмногу го сакам е да играм повторно со Меси на теренот. И тој може да дојде на местото кадешто сум сега, немам никаков проблем. Сакам да играм со него и сигурен сум дека наредната година ќе го направиме тоа, – гласи пораката која ја испрати Нејмар.

По ваквата изјава на Бразилецот, се јавува само една дилема, односно јавноста се прашува во кој клуб ќе се вкрстат патиштата на двајцата, бидејќи по последните случувања изминатово лето, не се исклучува можноста трансфер да направи и капитенот на Барселона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг