Застанала пред огледало и се фотографирала, а сега ѝ се смее цел свет: Сите гледаат во шокантниот детаљ, но нејзината реакција е хит!

Точка

02/12/2020

15:03

6.623

Големина на фонт

а а а

Кони Вајт (22) од Шкотска позирала за фотографирање во црвен фустан пред огледало во својот стан во саботата навечер, после што одлучила фотографијата да ја сподели на социјалните мрежи.

Нејзината фотографија веднаш станала вирална. Имено, дури кога почнале да пристигнуваат коментари од нејзините следбеници, сфатила дека нешто не е во ред со фотографијата. Огледалото позади Кони го прикажувал задниот дел од зглобот и стапалото, поради што луѓето ја сфатиле двосмислено фотографијата, мислејќи дека одразува нешто многу понеприкладно.

Меѓутоа, таа го прифатила урнебесниот неуспех на фотографијата и ја споделила на Твитер каде собрала повеќе од 23.000 лајкови и 1.200 споделувања.

„Да, забележав што е после неколку минути“, „Браво за ова што го сподели, повеќето девојки не би го направиле тоа, би им било многу непријатно“, „Кога ќе забележите што е, не може да не гледате“, се само дел од коментарите под нејзиниот твит.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk