Мистеријата станува сè поголема: Монолитот во Романија исчезнал како и тој во Америка

Точка

01/12/2020

19:52

6.332

Големина на фонт

а а а

Сјајниот метален монолит денеска исчезнал од романскиот планински округ Неамт, четири дена откако неговата изненадна појава во близина дрвена тврдина предизвикала шпекулации дека можеби е поврзан со мистериозната структура видена во САД.

Сличен столб бил забележан во пустината Јута во САД пред околу две недели, пренесува "Reuters". 

Наместо шпекулации дека се работи за вонземен предмет, вистината за романскиот монолит е поразлична.

"Структурата висока 2,8 метри исчезна преку ноќ подеднакво тивко како што беше и поставена минатата недела", рекол за британската новинска агенција новинарот Роберт Јосуб од локалниот дневник "Зиар Пијатра Неамт", кој ја видел структурата.

"Неидентификувана личност, очигледно локалец, ја направила структурата. Сега остана само мала дупка прекриена со камен", рекол тој.

Конструкцијата од метал имала лошо заварен спој, навел Јосуб.

Портпаролката на полицијата Георгијана Мосу, изјавила дека спроведува истрага за илегално инсталираната структура на заштитеното археолошко подрачје на 27-ми ноември.




Спонзорирани линкови

Маркетинг