Полицијата го бара џиновскиот фалус кој исчезнал од врвот на планината: „Не сме сигурни дали е ова кривично дело или не“

Точка

01/12/2020

19:42

3.275

Големина на фонт

а а а

Германската полиција отпочнала истрага по повод исчезнување на необичната скулптура од една планина во Баравија, јавуваат тамошните медиуми.

Дрвената скулптура во форма на фалус висока 2 метри исчезнала во текот на викендот, наведува локалниот весник „Allgauer Zeitung“. 

Скулптурата со години ја красела планината Грунтен, југозападно од Минхен. Не се знае кој ја направил и поставил, но таа со текот на времето станала еден од заштитните знаци на планината, која со висина од 1738 метри привлекува бројни планинари.

Несекојдневната скулптура била означена како споменик на културата дури и на мапите на Гугл, а според написите, таа тежи дури 200 килограми.

Шега или нешто повеќе?

Една од теориите кои ја наведуваат поединечни германски медиуми е дека станува збор за непосакуван роденденски подарок кој го направила група момци за да се пошегуваат со нивен пријател.

Кога подарокот бил одбиен, тие го одвлечкале на планината со помош на носач на тркала.

Скулптурата со години стоела на истото место, а потоа овој викенд таа мистериозно исчезнала. Баварската полиција во понеделникот соопштила дека отпочнала истрага, иако не се баш сигурни што ќе направат ако го најдат сторителот.

„Не сме сигурни дали ова е кривично дело или не“, изјавил портпаролот на полицијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг