Додека сè уште е прва дама – мора да изгледа спектакуларно: Меланија Трамп во едно од најлуксузните модни изданија

Кармин

01/12/2020

13:57

2.606

Големина на фонт

а а а

Откако пред Белата куќа ја дочека божиќната елка висока пет метри, поранешната прва дама на Америка - Меланија Трамп, со својот сопруг Доналд организирала друг настан, а вниманието во јавноста и овојпат го привлекла со својот стајлинг.

По свеченото преземање на новогодишната елка, која што овие денови ќе ја краси Сината соба на претседателската резиденција во Вашингтон, 50-годишната Словенка пленела на традиционалната церемонија која што во Белата куќа се одржува непосредно пред Денот на благодарноста уште од 1863-та година.

Како и многу пати досега, Меланија и овојпат изгледала беспрекорно, а носела модни парчиња од долгогодишниот стилист и моден дизајнер Пјер.

Својата клиентка Пјер одлучил да ја облече во модел на стар капут со потпис на италијанскиот бренд „Долче и Габана“, а кој што во јавноста беше претставен во состав на нивната минатогодишна колекција наменета за зимската сезона.

Иако станува збор за капут од минатогодишната колекција на италијанскиот бренд, на некои од страниците и понатаму е достапен и тоа по цена од речиси 2.000 евра.


Под капутот таа носела и црно кожно здолниште до колена кое, како што знаеме, е дел од нејзиниот стајлинг веќе повеќе години.

Меланија носела и пар црни салонки со беж капка во пределот на прстите кои што изгледале како да го имитираат препознатливиот модел чевли од брендот „Шанел“, но сепак станува збор за чевли од дизајнерот Маноло Бланик. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk