Сите гледаат во нејзините прескапи собни папучи: Сексапилот на Џорџина во втор план

Точка

29/11/2020

18:06

12.946

Големина на фонт

а а а

Вереничката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез (26), често ја гледаме во разни атрактивни изданија, бидејќи сака да ги покажува своите облини.

Но, овојпат на својот Инстаграм профил се надминала себеси, не само со провокативното издание, туку и со еден детаљ на нозете.

На фотографијата таа позира во сексапилно боди со детали од чипка, кое го истакнува нејзиното бујно деколте, тесниот струк и затегнатите, долги нозе.

Сепак, нејзиниот сексапил останал во втор план, бидејќи на многумина внимание им привлекле крзнените папучи од брендот „Louis Vuitton“, кои чинат неверојатни 1.100 фунти. Со оглед на тоа дека е познато дека од Роналдо добива џепарлак од 100.000 евра месечно и дека освен тоа заработува од реклами на Инстаграм, ова за неа е 'ништо'.

Нејзината најнова фотографија собрала повеќе од 2,7 милиони лајкови за само 24 часа, што и не е лудо со оглед на тоа дека е една од најпратените јавни личности во Европа - ја следат 22 милиони корисници!




Спонзорирани линкови

Маркетинг