Нина Бадриќ објави фотографија со Бон Џови, фановите не можат да ја препознаат

Точка

28/11/2020

19:15

7.751

Големина на фонт

а а а

Пејачката Нина Бадриќ на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира со познатиот американски рокер и фронтмен на популарниот бенд.

Покрај фотографијата која настанала пред 20-на години, напишала „It's my life“. Објавата собрала речиси 15.000 лајкови, а фановите и пријателите на Нина во коментари ѝ пишувале само комплименти.

„Колку си убава, па тоа е чудо... Него не го ни забележав“, „Многу сте згодни“, „Кој е убавецов?“, се само дел од коментарите.

Инаку Нина е многу активна на Инстаграм, а со фановите споделува и моменти од секојдневието, како и некои стари спомени. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг