Овие 3 хороскопски знаци се најголемите „срцекршачи“ – секогаш го прават тоа

Кармин

27/11/2020

14:00

4.001

Големина на фонт

а а а

Раскинувањето на љубовната врска знае да биде ужасно, но постојат одредени луѓе кои што редовно кршат нечие срце, а тие никогаш не биле оставени од никој.

Доволно се слатки и шармантни за да се вљубите во нив, но и доволно цврсти за да ви го скршат срцето во моментот кога кон вас ќе престанат да чувствуваат нешто.

Овие три хороскопски знаци познати се како најголеми срцекршачи:

Лав

Неговата самодоверба и енергија прават сите автоматски да гравитираат кон припадниците на овој хороскопски знак, така што често зад себе имаат многу љубовни врски. Проблемот е во тоа што Лавовите се себични. Секогаш на прво место се ставаат себеси и своите интереси, а никогаш потребите на својот партнер. Кога врската ќе им здодее, не се обидуваат да го исправат тоа туку едноставно се откажуваат.


Стрелец

Тие се склони кон ветувања, повеќе отколку што можат да исполнат, а тоа доведува до кавги околу очекувањата што Стрелците ги тера да „бегаат“. Не сакаат да се соочат со проблемите и да ги решат, па на крајот им го кршат срцето на своите партнери. Тие се забавни и шармантни, но едноставно им недостасува сериозност за да имаат една здрава врска.

Јарец

Тие работите ги сфаќаат многу сериозно, но ќе ја прекинат и најсериозната врска доколку партнерот покаже било каков знак на конфликт. Многу се песимистички насочени и понекогаш работите завршуваат уште пред навистина и официјално треба да се случи тоа само затоа што тие си претпоставуваат дека така треба да биде. Многу се аналитични, очекуваат луѓето да бидат како нив, а тоа често не е така. Тоа најчесто доведува до разочарување поради што често знаат да скршат многубројни срца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk