Предлог ручек: Подгответе сочна потпечена карбонара која за миг ќе исчезне од чиниите

Кармин

26/11/2020

15:32

2.302

Големина на фонт

а а а

Шпагетите карбонара секогаш се одличен избор за ручек, но дали некогаш сте испробале верзија на карбонара која се сече и сервира на парчиња?

За припрема на ова јадење ќе ви бидат потребни 25 минути, самото готвење трае околу 40 минути, а ќе го добиете најсочниот оброк кој ќе го обожуваат и децата и возрасните. 

Се припрема брзо и лесно, а рецептот е во продолжение:

Потребни состојки (за 4 лица):

- 150 гр. шпагети

- 1 лажичка маслиново масло

- 200 гр. сланина, исечкана на коцки

- 2 тиквички исечкани на поголеми парчиња

- 45 гр. смрзнат грашок

- 2 чешниња лук

- 5 јајца

- 65 гр. ситно изрендан пармезан

- 250 гр. рикота сирење

- 30 гр. ситно исечкан магдонос

- 30 гр. ситно исечкан свеж босилек


Начин на припрема:

1. Загрејте ја рерната на 180-200 Целзиусови степени. Земете тава со димензии 20 х 30 центиметри и обложете ја со хартија за печење.

2. Сварете ги шпагетите според упатството на пакувањето. Процедете ги и разладете ги под вода, а потоа ставете ги во еден сад.

3. Загрејте маслиново масло во мала тава за пржење, на среден оган. Додајте ја исечканата сланина и со мешање пржете 3-4 минути односно додека не добие златна боја и не стане крцкава.

4. Потоа додајте ги тиквичките, грашокот и лукот. Пржете 1 минута, а потоа додајте ги тестенините во тавата.

5. Во друг сад изматете ги јајцата, а потоа додајте ги сирењата, магдоносот и босилекот и добро промешајте.

6. Со оваа смеса прелијте ги шпагетите и префрлете ги во тавата за печење и печете 25 до 30 минути.

7. Извадете ги од рерна и оставете да се изладат околу 10 минути. Послужете ги топли или изладени, со салата како прилог.

Пријатно јадење!


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk