6 клучни парчиња за зимската сезона 2020/21 кои треба да ги поседува секоја жена со стил

Кармин

25/11/2020

10:40

1.850

Големина на фонт

а а а

Трендовите постојано се менуваат, но постојат некои парчиња кои вечно ќе бидат модерни.

Ако сакате и оваа зима да изгледате тренди, инвестирајте во овие 6 парчиња облека бидејќи со нив секој стајлинг изгледа поинтересно, полуксузно и поженствено. 

Водете грижа оваа гардероба да биде квалитетна за да можете да ја носите со години. Еве на кои парчиња не треба да штедите пари:

Кожни панталони

Веќе неколку сезони се многу актуелни, а модните експерти велат дека уште долго ќе се носат. Кога купувате кожни панталони, бидете сигурни дека добро прилегаат на вашата градба. Најдобро би било да се одлучите за панталони со висок струк и малку пошироки ногавици бидејќи ваквиот крој им прилега речиси на сите дами.


Бунда од вештачко крзно

Ова парче дефинитивно му дава доза на луксуз на секој стајлинг, а воедно и ќе ве згрее.

Бајкерски чизми

Моментално најпопуларниот модел на обувки мора да се најде во вашиот гардеробер. За почеток одберете модел во црна боја за да можете најлесно да ги комбинирате. Она што е одлично кај бајкерските чизми е тоа што можат да се носат во најразлични прилики и да се вклопат во најразлични стилови.

Хеланки

Хеланките од квалитетен материјал ја следат линијата на телото, ги истакнуваат облините и во нив ќе изгледате одлично без многу труд.

Џемпер фустан

Удобно, топло и тренди парче облека кое засекогаш ќе биде број 1 кога станува збор за зимскиот стил.


Впечатлива чанта

Ништо не може да го надополни стајлингот и да му даде интересен печат како добрата чанта. Секогаш бирајте ги оние во силни бои за да ја „разбиете“ монотонијата на зимските денови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk