Германците за првпат избраа јапонски модел за автомобил на годината

Точка

17/11/2020

18:19

5.165

Големина на фонт

а а а

Електричниот модел Honda E ја освои титулата „Германски автомобил за 2021 година“.

Со тоа, Honda E стана прво возило на некој јапонски бренд на кој тоа му пошло од рака. Автомобилот исто така победи и во категоријата „Нова енергија“. 

Наградите за „Германски автомобил на годината“ ги доделува жири составено од водечки германски новинари кои ја следат автомобилската индустрија. Ова тело ги тестира и оценува најновите автомобили, рангирајќи ги според нивната употребливост, возни карактеристики, релевантност на пазарот и нивото на иновативност.

„Голема чест е што Honda Е стана првиот јапонски автомобил на кој му е доделена наградата за „Германски автомобил на годината“ и ние сме неверојатно горди поради тоа што ја добивме“, изјавил Кацухиса Окуда, претседател и генерален директор на Honda Motor Europe.

Honda E

Моделот Honda Е беше лансиран на почетокот на оваа година и е важен модел во мисијата на Honda за целосно електрифицирање на своите главни модели до 2022 година. Купувачите можат да изберат еден од двата понудени електромотори.


Основната верзија располага со 136 коњски сили (100 kW) и 315 Nm максимален вртежен момент, што е доволно за автомобилот да забрза од 0 до 100 км/ч. за 9 секунди.

Помоќната варијанта која ја носи ознаката Honda e Advance, има електричен агрегат од 154 коњски сили (113 kW) и исто така 315 Nm, а потребни ѝ се 8,3 секунди за да достигне 100 км/ч. Максималната брзина на двете верзии е електронски ограничена на 145 км/ч.

За складирање на електрична енергија се користат литиум-јонски батерии од 35,5 kWh, кои според WLTP мерниот стандард и со 16-инчни алуминиумски бандажи обезбедуваат автономија на возење од максимални 222 км.


Од Honda велат дека се потребни 30 минути за полнење на батериите до 80% капацитет на брз полнач (100 kW CCS2). За автомобилот во целост да се наполни на јавен полнач (4 kW), потребно е да биде поврзан 4,1 час, додека за полнење на домашен полнач (2,3 kW) треба да се чека дури 18,8 часа.

Кога станува збор за тежината, како и другите електрични автомобили, и Honda „плаќа данок“ поради тешките батерии - тежината на возилото е 1.514 кг.


Во патичката кабина има место за 4 возрасни лица, но багажникот има релативно скромен капацитет од 171 литар. Со спуштени задни седишта се зголемува на 571 литар (измерено до прозорецот) односно 861 литар (мерено до покривот).



Спонзорирани линкови

Маркетинг