На 15 ноември се одржа 46-то по ред доделување на наградите „People’s Choice“ во Лос Анџелес, а познатите дами не се истакнаа со своите модни комбинации.
Овогодишното доделување ќе остане запаметено по изменетите услови во кои истото се одржа поради пандемијата на коронавирусот, но и по лошите стајлинзи.
По доделувањето на „MTV EMA“ наградите кои беа доказ дека модата не е она што беше порано, модните експерти повторно се едногласни – овие дами подобро да останеле дома.
„Одамна не сме виделе волку лоши стајлинзи на едно место“, изјавил еден од нив.
За најлошо облечена помеѓу познатите е прогласена пејачката Деми Ловато, на која модните критичари одлучија да ѝ ја доделат оваа нималку ласкава титула.
„Изгледа како да дошла во пижами“, гласи еден од коментарите упатен до Ловато и нејзината креација.
Единствената дама помеѓу сите нив која се издвоила е Џенифер Лопез, која и овојпат била на висина на задачата.
Погледнете ги останатите: