Понекогаш брзината спасува живот: Полициско „Lamborghini“ пренело бубрег за итна трансплантација

Точка

10/11/2020

16:43

18.727

Големина на фонт

а а а

Полициското „Lamborghini Huracan“ пристигнало од Падова до Рим за помалку од 3 часа, со просечна брзина од 230 км/ч.

Италијанската полиција веќе неколку години во својата флота поседува „Lamborghini Huracan LP-610“, кој можеби на прв поглед делува како непотребна шминка, но оваа вест е доказ дека тоа сепак не е така. 

Моќниот суперспортски автомобил со V10 мотор кој произведува 610 коњски сили се користи за специјални задачи, а една од нив се одиграла на 5-ти ноември.


Тогаш полицајците добиле задача да транспортираат бубрег за трансплантација од Падова до Рим, а здравствените работници процениле дека најдобар начин за транспорт е токму во брзиот полициски автомобил.

Инаку овој „Huracan“ има фрижидер и дефибрилатор во багажникот во предниот дел од возилото.

Патувањето од Падова до Рим обично трае 5 часа, но полицискиот тим го поминал тоа растојание за помалку од 3 часа, со просечна брзина од 230 км/ч.




Спонзорирани линкови

Маркетинг