Ненадминлив дезен и крој: Меланија Трамп во комплет кој ѝ ласка на секоја женска фигура

Кармин

30/10/2020

14:18

2.148

Големина на фонт

а а а

Откако организираше традиционално дарување на децата за Ноќ на вештерките во Белата куќа, 51-годишната Словенка, Меланија Трамп, присуствувала на свечениот настан на Ејми Конет Барет откако американскиот Сенат ја прогласи за нова главна судијка во Врховниот суд.

Со модното издание по повод ваквиот настан, американската прва дама ни овој пат не разочарала. 

Откако минатиот викенд заблеска во модел на капут со боја на теракота, со потпис на италијанската модна куќа „Прада“, овој пат таа се одлучила за комплет со дезен на рибина коска.


Со краткиот блејзер со нагласени рамена и соодветното здолниште со висок струк, 50-годишната Словенка успеала да ја истакне својата перфектна фигура и уште еднаш да докаже дека е една од најдобро облечените први дами во светот.


Споменатиот комплет е дело на славната италијанска двојка „Долче и Габана“, позната по создавање модни парчиња кои особено ѝ ласкаат на женската фигура.

Како ви се допаѓа овој изглед на првата дама на Америка?



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk