Направиле прекрасен дом од контејнер за да можат да живеат без кредити: „Напорно работевме и успеавме“

Кармин

29/10/2020

16:29

6.423

Големина на фонт

а а а

Додека планирале како ќе го направат, Дејв претрпел големо крварење на мозокот, што ја одложило работата одредено време, но од сонот никогаш не се откажале.

Тие го оствариле својот сон, да живеат слободно и без долгови и кредити, но исто така и домот да им биде единствен и помалку уметнички уреден.

Џејми и Дејв купиле два бродски контејнери, еден поголем од 12 метри и другиот помал од шест метри. Ги споиле во еден простор и речиси сè во нив уредиле сами.

Погледнете го прекрасниот дом:


„Доаѓавме после работа и во текот на викендите, секој слободен момент го користевме за градење и уредување и така десет месеци. Напорно работевме и успеавме“, изјавила Џејми.

Тие моментално живеат опкружени со природата. Пред куќата имаат просторен двор.

Додека планирале да го направат сето тоа, Дејв претпел големо крварење на мозокот. „Беше толку многу нестрплив да продолжи со работата на нашата куќа што во болничкиот кревет зборуваше: „Немам време јас за ова, морам да го завршам нашиот дом““, изјавила неговата сопруга.

Тие продолжиле да го планираат градењето на домот, а денеска имаат неверојатна убавина.

Тие не споменале колку пари потрошиле на сето тоа – на материјалите и контејнерите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk