Независно од вашиот буџет и финансиски можности, добрите модни комбинации се сведуваат на доброто комбинирање, па затоа најмалку важно е дали парчињата кои ги носите се скапи или не.
Комбинирањето на модни парчиња е особено интересно во зима кога можете да додавате повеќе слоеви, а наједноставниот начин да ги промените комбинациите се шаловите и марамите.
Наместо да ги врзете околу вратот, постојат неколку иновативни начини на кои можете да ги носите.
Шалот можете да го носите на опуштен начин, префрлен врз капутот или преку рамо како пончо, а можете и да го врзете со ремен околу струкот. Предимензионираните шалови можете да ги носите дури и како здолниште, ако сте доволно храбри!
На кои други начини трендсетерките ги носат овие популарни модни додатоци, дознајте во продолжение.