Никол Кидман за секс сцените во филмовите: „За ниту една сцена не сум рекла не, не сакав светот да ми се смее“

Кармин

22/10/2020

23:28

8.927

Големина на фонт

а а а

Кога режисерот Стенли Кјубрик ѝ рекол дека ќе ѝ бараат фронтална голотија, првата реакција на актерката била: „Ах, не знам баш“.

Холивудската дива Никол Кидман во текот на успешната кариера која што трае веќе со децении, имала широка лепеза на улоги кои што ги толкувала, а некои од нив вклучувале и голи сцени и сцени со секс.

Најзначаен меѓу нив дефинитино е оној во филмот на Стенли Кјубрик „Ширум затворени очи“ од 1999-та година, пренесува „Daily Mail“.


Австралијанката во спомнатиот еротски трилер глумела со тогашниот сопруг Том Круз, а режисерот од неа барал да се соблече целосно пред камерата.

„Ми кажа, „сакам целосна фронтална голотија“, а мојата прва реакција беше „ах, не знам“. Но, успеавме да се договориме. Постигнавме прекрасен договор и сè  беше реализирано. Ми покажа сцени кои што вклучуваа голотија пред воопшто да почнеме да снимаме“ - се присетила актерката, па додала:

„Така можев да се чувствувам целосно сигурна. Навистина бев максимално заштитена и можев самоуверено да ги истражам сите аспекти на улогите кои што ми беа доделувани. За ниту една сцена не кажав „не“, но сакав да бидам сигурна што правам и не сакав светот да ми се смее“ - рекла Кидман во интервју за „The New York Times“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk