Славниот пар се преселил во нова луксузна вила! Кејти Пери и Орландо Блум искеширале 14.2 милиони евра, а еве кои холивудски ѕвезди им се соседи

Кармин

21/10/2020

17:15

2.809

Големина на фонт

а а а

Пејачката Кејти Пери и нејзиниот сопруг Орландо Блум во август годинава добија ќерка на која ѝ го дале името Дејзи Дав.

Парот сега одлучил да се пресели во нов дом и купил нова куќа во Калифорнија, за која искеширал 14.2 милиони евра.


Сега соседи им се принцот Хари и Меган Маркл со 17-месечниот син Арчи, а во близина се водителката Елен Деџенерис и нејзината сопруга Порша де Роси, пејачката Аријана Гранде и водителката Опра Винфри.


Инаку, луксузната вила 20 години била сопственост на бизнисменот Роберт Кидер и она што ја издвојува е погледот кон прекрасниот пејзаж - од едната страна океанот, додека од другата прекрасна природа.


Исто така, во дворот имаат и базен, а внатрешноста на домот има скапоцен мебел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk